Откако беа претставени Redmi Note 7 и Redmi Note 7 Pro, Redmi линијата смартфони на Huawei продолжува во знакот на бројот седум, а сега пристигнува и Redmi Note 7S. Паролата на уредот е “48MP за секого”, што укажува на најзначајната карактеристика на телефонот – 48MP главна камера.
Redmi Note 7S има 6.3-инчен FHD+ дисплеј, со засек во облик на капка во кој е сместена 13MP селфи камера. Уредот пристигнува со Corning Gorilla Glass 5 заштита од предната страна и на задниот дел, додека страните се креирани од алуминиум. Телефонот го напојува Qualcomm 660 чипсетот @2.2GHz, спарен со 3GB или 4GB RAM и 32GB/64GB простор за складирање (со microSD слот).
Главната одлика на телефонот е 48MP f/1.8 камера на задната страна, која користи Quad Bayer слој, спојувајќи четири пиксели во еден за креирање на ефективни 12MP фотографии. Дополнителната камера ја сочинува 5MP f/2.4 depth сензорот, со Night Mode поддршка.
Телефонот го напојува 4000mAh батерија со Quick Charge 4.0 подршка за 18W punjenje. Оперативниот систем е Android 9.0 со MIUI 10. Остатокот од карактеристиките вклучуваат IR сензор, 3.5 mm приклучок и P2i нано-заштита од течности.
Redmi Note 7S пристигнува во Onyx Black, Sapphire Blue и Ruby Red варијанти, по цени од околу 16 долари за 3GB/32GB моделот и околу 190 долари за 4GB/64GB варијантата.