Sony конечно го објави датумот на премиерата и цената на својот претстоен флегшип смартфон Xperia 1. OLED екранот во формат 21:9 со HDR поддршка, ќе се појави на 12-ти јули за 950 долари. Се работи за првиот OLED 4K HDR дисплеј во мобилен телефон.
Најавен првично на MWC 2019, без сомнение клучната карактеристика на Sony Xperia 1 е споменатиот 6.5-инчен дисплеј со 3840х1644 резолуција. Според компанијата, екранот ги репродуцира боите толку точно, што едно од нејзините филмски студија го користела Sony Xperia 1, за да ги погледне снимените кадри на сетот. За максимална автентична HDR содржина, Sony Xperia 1 ќе користи некои алгоритми првично креирани за Bravia телевизорите. Самиот дисплеј е заштитен со најновото стакло Gorilla Glass 6.
„Под хаубата“ на Sony Xperia 1 работи чипсетот Snapdragon 855, дополнет од 6 GB RAM меморија и 128 флеш складирање, која може да се зголеми со microSD картичка. Уредот поддржува опции за поврзување како Gigabit 4G / LTE, 802.11ac Wi-Fi, Bluetooth 5.0, NFC, A-GPS, GLONASS, BDS, GALILEO. Аудиото поддржува Dolby Atmos и звучниците се поставени од инженерите на Sony Pictures Entertainment.
Покрај интересниот дисплеј, Sony Xperia 1 доаѓа со тројна задна камера, која се состои од стандарден широкоаголен и телефото сензор. Таа снима 4К HDR во 24 фрејмови во секунда, а селфи камерата е 8 МР.