Најновиот флегшип уред на јужнокорејскиот гигант Samsung ќе има батерија со најголем капацитет досега, подобра камера и ќе биде достапен во неколку нови бои.
Според неофицијалните информации, Samsung Galaxy Note 10 ќе има поддршка за 5G мрежа и батерија со капацитет од 4.300 mAh, што претставува најмоќна батерија вградена во премиум уред на компанијата Samsung досега.
Покрај батеријата, се споменува дека овој смартфон ќе има и можност за супербрзо полнење, но и понатаму останува непознато дали се работи за новото супербрзо полнење на Samsung од 25W или пак компанијата работи на некое уште понапредно решение.
https://twitter.com/money71420183/status/1127766939835592706?s=21
Од Galaxy Note 10 би требало да очекуваме да пристигне на пазарот со Infinity-O екран, кој најверојатно би требало да има двојна селфи камера, каква што имавме можност да видиме на уредот Galaxy S10+. На задната страна, пак, веројатно ќе се наоѓа систем од три камери со унапреден зум, кој би требало да донесе подобри резултати при ноќно снимање и снимање или фотографирање во услови со лошо осветлување.
Во зависност од пазарот, Samsung Galaxy Note 10 би требало да оперира со процесор од моделите Qualcomm Snapdragon 855 или Exynos 9820, додека уредот би требало да има помеѓу 8GB и 12GB RAM.
Извор: B92.net