Google објави дека набргу ќе почне да поставува повеќе реклами и огласи на мобилните уреди, како што велат од компанијата, со цел да им олеснат на корисниците на Android и iOS полесно да најдат информации за производите што сакаат да ги купат.
Таканаречените дискавери-реклами ќе бидат достапни за сите огласувачи подоцна во текот на годинава како нов начин за пристап до корисниците преку екосистемот на Google.
Покрај дискавери-рекламите, Google исто така откри дека за корисниците на мобилни уреди ќе овозможи и галери-реклами. Станува збор за нов формат на презентавија на производи кој доаѓа во вид од осум реклами што ќе може да се прелистуваат лево и десно.
Исто така, со новата промена стандардни реклами ќе се појавуваат во Google дискавер-фидот, кој е имплементиран во многу од почетните екрани на андроид-уредите, како и на почетната страница на Google.
Овие реклами треба да ги поттикнат корисниците да дознаат повеќе за нови брендови и производи, информираат од компанијата.