Кинеската компанија OnePlus вчера ги претстави своите најнови премиум телефони – OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro. Камерата на OnePlus 7 Pro верзијата е подобрена во однос на претходните телефони, и сега се три сензори од назад. Главната камера користи Sony IMX586 48MP Quad-Bayer сензор, кој може да произведе финална фотографија од 12MP (4000 × 3000 пиксели) со подобрени бои, детали и динамичен опсег. Присутен е и ултра-широк сензор од 16MP, како и 8MP телефото камера.
OnePlus 7 Pro на DxOMark тестот остварил вкупен резултат од 111 поени, што е само една точка зад прворангираниот Huawei P30 Pro и Samsung Galaxy S10 5G. Телефонот може да се пофали со одлични резултати во речиси сите сегменти на фотографирање и креирање на видеа.
Во фото тестот, телефонот остварил 118 поени (само еден поен зад Huawei P30 Pro) со одлични резултати за експозиција, добар контраст и фотографирање во услови на слаба осветленост. OnePlus 7 pro исто така има широк динамичен опсег кој постигнува одлични детали во сцени со висок контраст.
Солидните резултати во видео тестот (98 поени) го прават Pro модел на флексибилен телефон и го ставаат во ранг со најдобрите телефони во полето на снимање на видео. Телефонот најдобрите резултати ги постигнува во зачувување на детали, благодарение на 4K снимањето во стандардните подесувања. Добриот автофокус овозможува остри детали на видеото. Видео експозицијата е остра во најголем број на случаеви, додека боите се живописни, особено на отворено.
Извор: Benchmark.rs