Corning Astra Glass е следната генерација на технологија на дисплеи

Corning Incorporated, компанијата која произведува добро познати типови на стакло за телефони, монитори и телевизори (како што е Gorilla Glass), сега најави целосно нов супстрат на стакло. Под името Astra Glass, овој супстрат е дизајниран првенствено за следната генерација средни и големи дисплеи, со 8K резолуција и високи стапки на освежување.

Иако издржливоста на стаклената површина е битна, ова не е единствената значајна карактеристика на стаклото. Според наводите, стаклото влијае на карактеристиките на дисплејот кој го прекрива, вклучувајќи го одбивањето на светлото, осветлувањето и прецизноста на приказот на боите.

“Astra Glass ги задоволува потребите за прецизност и високи температури во текот на процесот на оксидизација и му се придружува на нашето портфолио на дисплеј супстрати за да се покрие целиот спектар достапен на нашите корисници”, истакнуваат од компанијата Corning.

За да се осигура Astra Glass да не ги расипува перформансите на следната генерација дисплеи, Corning истакнува дека стаклото е креирано со максимална стабилност за непроменливост на температурите и димензиите. Засега не е познато кога ќе се појават првите уреди со Astra Glass подрршка.