Компанијата Asus официјално го претстави својот нов смартфон под името ZenFone 6.
И додека ZenFone 5 во суштина беше здодевен клон на iPhone X, новиот модел е нешто многу поинаку. Горниот раб е отстранет благодарение на ротирачката камера, односно задната камера која се одвојува од задниот панел и доаѓа во позиција над екранот за да ја изврши функцијата на селфи камера.
Целиот смартфон покажува дека Asus го менува својот правец со желба да изгради свој простор на пазарот, наместо да ги брка Apple и Samsung. Тоа барем важи за дизајнот на уредот. Наместо неугледната црна линија и засеко на горниот дел на смартфонот, ZenFone има ротирачка камера, а на долниот дел има само тенка рамка.
Asus ги задржа истите цени, основниот модел со 6GB RAM и 64 GB интерна меморија чини 499 долари, баш како и послабиот ZenFone 5.
Sweet mother of Jesus! Now that is what I call an Engineering innovation….#Zenfone6 pic.twitter.com/B4sbsV90tB
— Giridhar (@cgiridhar) May 17, 2019
Што се однесува до камерата, одзади има две, главна од 48 MP и камера со широк агол од 13 MP. Камерите се одлични за групни селфи фотографии, како и фотографии на широк агол. За ротација на камерата од 180 степени се користи мал мотор и овозможува нивно користење напред и назад. Куќиштето на камерата е направено од течен метал и поради тоа е поиздржливо.
Asus основниот модел на ZenFone 6 со 6 GB RAM и интерна меморија од 64GB ќе го продава за 499 евра, а ќе бидат достапни и две подобри верзии, со тоа што најдобриот модел ќе понуди 8GB RAM и 256GB простор за складирање.
Поврзани артикли