Eлектричен камион без возач доставува роба во Шведска (ВИДЕО)

Потсетувајќи на кацигата на воините од Star Wars, електричниот камион без возач вчера ја почна секојдневната достава на роба во Шведска, а производителот Einride и логистичкиот клиент DB Schenker го опишаа како прв во светот.

Роберт Флек, извршниот директор на шведскиот стартап Einride, изјави дека компанијата е во партнерски разговори со големи доставувачи за да помогне во производството и испораката на пратки, а не е исклучено и поврзување со големи производители на камиони.

„Оваа јавна дозвола за возење по патишта е вистински пресврт и се работи за чекор напред кон комерцијализација на автономната технологија во светот. Бидејќи сме број еден софтверска и оперативна компанија, партнерството со производна компанија е нешто на што гледаме како придвижување напред“ изјавија од Volvо по повод овој историски момент во автоиндустријата.

Оттаму додаваат дека се надеваат дека ќе склучат договор со Einride до идната година. Соработката меѓу автомобилските компании се случува насекаде во светот со цел споделување на трошоци, особено при развојот на електрични и автономни возила.

Камионот T-Pod тежи 26 тони кога е товарен и нема кабина за возачот. Се проценува дека ги намалува оперативните трошоци за копнен транспорт за околу 60 проценти во однос на дизел камионите со возачи. Освен Volvo, Einride прима нарачки и од германскиот трговец Lidl, од шведската компанија за испорака Svenska Retursystem и пет трговски компании од листата Fortune 500, што оди во прилог на амбицијата на компанијата, до крајот на 2020. година да почне да работи со 200 камиони.

Извор: Tportal.hr