Бидејќи дигиталните помошници стануваат се пораширени, толку повеќе податоци прибираат од корисниците, најчесто без нивно знаење.
За среќа, постојат начини како дел од тие податоци да ги отстраниме или да воведеме одредени забрани.
Моментално само Google Assistant нуди можност за спречување на снимањето на гласовните команди, а еве како тоа да го направите. Постапката е објаснета чекор по чекор и се однесува на веб прелистувачот, а постапката е многу слична и за мобилните уреди.
– Отворете ја страницата My Activity
– Кликнете на трите вертикални точки во горниот десен агол
– Изберете Activity Controls
– Пронајдете го Voice & Audio Activity
– Доколку опцијата е вклучена, исклучете ја
– Ќе ви се појави порака која ќе ве предупреди на „последиците“ од оневозможувањето на опцијата. Ако со тоа Google не успеа да ве разубеди, потврдете го исклучувањето.
Доколку се премислите, само повторете ја постапката и вклучете ја опцијата. Инаку, треба да имате во предвид дека со исклучувањето на снимањето на гласот, нема да ги исклучите и другите активности со кои Google ја следи вашата активност на интернет, пренесува The Verge.
Извор: Tportal.hr