Google ја лансираше новата YouTube GO апликација, која им овозможува на корисниците гледање видео снимки во режим без интернет. Еве како тоа функционира и каде оваа апликација ќе биде достапна за користење.
Без оглед на тоа што интернетот е се побрз и побрз, што е достапен практично насекаде, прегледот на YouTube снимки не е секогаш така флуиден. Најмногу поради тоа што во помалку развиените земји, брзиот интернет не им е достапен на сите. Покрај тоа, што ако престојувате некое време надвор од градот, каде што интернетот не е достапен?
Google е свесен за тоа и реши да направи YouTube апликација, која на корисниците ќе им овозможи да ги сочуваат видео снимките за преглед во офлајн режим. Компанијата уште во септември минатата година најави дека ќе лансира ваква апликација со ветување дека на сите ќе им биде достапна за преземање. Се испостави дека не е така. Моментно новата YouTube Go апликација е во Бета фаза и можат да ја користат само оние кои доаѓаат од послабо развиените земји.
Во што е трикот… Па, едноставно. Творците на YouTube содржините наскоро ќе добијат можност да бираат кое нивно видео ќе биде достапно за преземање поради прегледување во режимот без интернет, а кое не. Подоцна, YouTube GO корисници можат пред прегледувањето на видеото да изберат опција за негово преземање на меморијата на уредот во пониска или повисока резолуција. Тоа значи дека интернет повеќе нема да биде потребен за гледање на сите претходно сочувани видео снимки од YouTube. Дури и преку Bluetooth ќе биде можно да се сподели со пријателите.
Поврзани артикли