Lenovo денеска го најави PC уредот со екран на превиткување, кој на пазарот не се очекува пред 2020. година. Таблетот спаѓа во ThinkPad X1 линијата, но се уште нема официјално име.
ThinkPad X1 таблетот има 13.3-инчен 2K OLED дисплеј, со 4:3 однос на страници, кој се претвора во 9,6-инчен екран, кога ќе се превитка. Уредот работи под Windows оперативниот систем, а го покренува процесор на Intel. Повеќе детали за оваа поддршка ќе бидат објавени подоцна.
Таблет уредот, исто така, има и поддршка за паметно пенкалце, IR камера за Windows Hello и два USB Type-C порта. На крајот, тука е и Bluetooth тастатурата, која уредот го прави целосно преносли лаптоп.
Се истакнува дека овој производ не е креиран за да биде само технолошки новитет, а дизајниран е како комплетна лаптоп замена, наменета за технолошките ентузијасти, бизнис мобилни корисници и за оние кои користат таблети/PC уреди во движење.
Lenovo својот ThinkPad X1 таблет со флексибилен OLED екран го развива веќе три години и ги помина вообичаените MIL-STD-810G тестирања, на кои се подлегнати сите ThinkPad модели.
Исто така, уште една битна ставка која е потребно да се истакне е дека нема видлив набор на местото каде што се свиткува дисплејот. Ова е област во која Lenovo многу вложил за да осигура дека се функционира како што е планирано.
Поврзани артикли