Вкупно 46 млади и иновативни претприемачи од дванаесет земји од Источна Европа и Балканот од денеска ќе земат учество на тренингот за наука и технологија преку GIST (Global Innovation through Science and Technology) програмата во Скопје, во организација на Американскиот Стејт департмент во соработка со VentureWell и локалниот партнер Startup Macedonia.
Овие претприемачи за наука и технологија доаѓаат од Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Украина. Тие ќе поминат три дена преку обемни тренинзи и менторски сесии кои ќе им помогнат да ги усовршат своите бизниси се со цел за да ги презентираат своите иновации на јавноста на отворениот GIST Демо Ден na 16-ти мај во Холидеј Ин во Скопје. Освен презентациите на најдобрите тимови, присутните ќе имаат можност да дискутираат со инструкторите од неколку универзитети и бизниси од Соединетите американски Држави а како посебен говорник ќе се обрати Ненад Чубриновски оперативниот директор на InPlayer еден од најуспешните ИКТ компании во Македонија со темата “Како да се борите со Џиновите во светот на Технологијата”.
На GIST Start up демо денот е одлична можност за стартап заедницата, иноваторите и претприемачите во нашата земја да ја покажат својата поддршка на иноваторите кои имаат доверба да ги преземат неопходните ризици за да ги реализираат своите идеи и преточат во реалност. Најдобрите стартапи ќе имаат можност да ги презентираат своите иновации пред присутните и престижните судии, Хит Неквин од Wenture well, Игор Маџов Стартап Македонија и Владимир Трајковиќ UКИМ Accelerator. На најдобрите тимови ќе им се овозможи да учествуваат на бизнис инкубатор во САД во текот на оваа година и дополнителна подршка во растот на бизнисите.
GIST е лансирана во 2011 година, предводена од Стејт департментот на САД. Стартап тренинзите се спроведуваат од страна на лидерите кои работат во областа на финансиите, тренинзи и обучување за наука и технологија се со цел да им помогнат на иноваторите да се пласираат на пазарот. GIST се фокусира на зајакнување на младите научници и иноватори во областа на технологијата преку градење на капацитети, менторирање и вмрежување.
Стартап Македонија е асоцијација на стартап екосистемот во Северна Македонија која ги поврзува сите чинители во стартап екосистемот и креира платформа за подршка и развој на претприемништвото и стартапи преку вмрежување.
За да земете учество на Демо денот пријавете се на следниот линк.