Intel во текот на состанокот со инвеститорите објави некои информации за бизнис плановите за наредниот период. Спомената е 10nm архитектура, како и некои детали за 7 нанометарскиот процес на Intel за производство на чипови.
Долгоочекиваните процесори, креирани во 10nm производен процес (со кодно име Ice Lake), конечно ќе почнат да се испорачуваат во јуни. Intel ветува три пати зголемување на безжичната брзина, два пати зголемување на видео енкодирањето и графиката и 2,5 до три пати зголемување на брзината за вештачка интелигенција во споредба со претходната генерација.
Intel за 2019. и 2020. година планира голем број производи засновани на 10nm процес, вклучувајќи клиентски и серверски процесори, графички картички за генерална употреба и друго.
Кога е во прашање 7 нанометарскиот процес на производство, Intel истакнува дека ќе овозможи два пати подобро скалирање и 20 проценти зголемување на перформансите по ват. Најистакнатиот производ, кој ќе биде креиран и објавен во овој процес, ќе биде Xe семејството графички картички, кое се очекува во текот на 2021. година. Ќе бидат наменети за AI data центрите и за извршување на компјутерски задачи со високи перформанси.
Поврзани артикли