Со почетокот на производството на моделот EQC, Германците ја објавија и почетната цена. Таа е толку „ниска“ што купувачот во Германија може да добие државни субвенции.
Ценовниот опсег на првиот електричен Mercedes на германскиот пазар започнува од 71.281 евра, со вклучени давачки, што го прави поповолен од најсериозниот ривал, оној од Audi. Имено, E-Tron чини точно 8.819 евра повеќе, бидејќи неговиот ценовен опсег започнува од 80.000 евра. Дополнително, бидејќи нето цената на EQC во Германија е под 60.000 евра, за овој Mercedes може да се добијат и државни субвенции.
За споменатиот износ погоре, клиентот добива EQC 400 4Matic кој е стандардно опремен со MBUX инфо-забавен систем со две 10,25-инчни екрани, гласовна контрола, навигација…
Се разбира, за оние кои сакаат повеќе, тука е AMG Line пакетот за надворешност (1.607 евра) и во внатрешност (1.083 евра) или безбедносната опрема Driving Assistance Package по цена од 2.297 евра.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли