Новата алатка на Gmail за закажување на мејлови може да се покаже како многу корисна, посебно за оние луѓе кои се зафатени и постојано имаат милион обврски на ум. Претходно закажувањето на мејлови беше возможно само преку надворешна алатка која со инсталира дополнително, но подновениот Gmail ја има вградено оваа напредна опција.
Досега ako сакавте да закажете испраќање на мејл требаше да поминете низ цел еден долг процес на инсталирање дополнителен софтвер, учење на неговиот интерфејс и конечно закажување на мејлот. Сега е многу поедноставно.
Оваа алатка на Gmail е многу едноставна за користење и има повеќе намени кога се работи за закажување на работни задачи и испраќање на пораки. Понекогаш имате потреба да известите некој што живее во друга временска зона за вашата работа, а некогаш пак ви е потребно да си закажете обврска или да се потсетите за нешто. Доколку е така – закажете мејл за во иднина.
- Отворете го полето за пишување на мејл
- Кликнете на триаголникот што се наоѓа до копчето Send
- Одберете едно од наведените времиња или пак кликнете на Pick date & time за да го закажете мејлот во точното време
- Кликнете Schedule send.
Процесот е буквално идентичен и за мобилната апликација Gmail, со тоа што наместо копчето Send ќе треба да кликнете на трите мали точки во десниот горен агол за да го закажете точното време на закажување.
Доколку се одлучите да го откажете мејлот, ќе го пронајдете многу лесно. Новиот Gmail има посебен фолдер наречен Scheduled, каде што се наоѓаат сите закажани мејлови. Ако сакате да го откажете испраќањето, кликнете на копчето Cancel send.
Поврзани артикли