Samsung пред две недели објави дека ќе го одложи почетокот на продажбата на својот прв преклопен паметен телефон со флексибилен екран, Galaxy Fold. Причината за одложувањето беа бројните проблеми со екранот кои се појавија за време на тестирањето кај неколкумината рецензенти, а ги зафатија тестните модели на Fold. Сепак, Samsung критиките ги сфати сериозно и ги повлече сите уреди од тестирањето и се фрли на отстранување на причините за проблемот.
Потоа беше објавено дека планираниот датум за почеток на продажба во Европа (3. мај) нема да биде испочитуван, а на купувачите кои го нарачале Galaxy Fold им беше најавено дека испораките ќе бидат извршени нешто подоцна отколку што првобитно било планирано. Сега, пак, купувачите во САД добиваат известувања за одложени испораки, секако, со официјално извинување.
Samsung Electronics says no anticipated shipping date yet for Galaxy Fold https://t.co/9UmVH6OPGX pic.twitter.com/xjtNEeYIch
— Reuters Business (@ReutersBiz) May 7, 2019
Како што пренесува Ројтерс, од Samsung официјално е соопштено дека компанијата засега не може да го потврди датумот кога ќе почнат испораките. Дополнително, на сите купувачи во САД кои го нарачеле овој уред им е дојавено дека слободно можат да ги откажат нарачките и соопштено е следното: “Ако не ни се јавите, а ние не ви го испорачаме уредот до 31. мај, вашата нарачка автоматски ќе биде откажана”.
На купувачите потоа им е понудено со клик во рамките на мејлот да потврдат ако сакаат да ја остават активна својата нарачка. Samsung, исто така, ветува дека во следните недели ќе извести за можен датум за почеток на испораката.
Поврзани артикли