Читањето на вестите преку мобилните платформи во последните неколку години придонесе за целосно преобликување на медиумската индустрија, па, така, според истражувањата, 75 проценти од вестите читателите денес ги добиваат преку своите мобилни телефони.

Медиумскиот простор постојано еволуира и технологијата е она што им помага на корисниците да бидат во тек со секојдневните промени.

Во борбата за да се стигне до сè повеќе чrитатели медиумите постојано развиваат нови апликации со цел да го придобијат вниманието на своите корисници, често давајќи му предност на квантитетот пред квалитетот на информативната содржина.

Со тоа содржината што се пласира секојдневно станува сè поголема и поголема, а преголемиот избор често предизвикува и фрустрација кај читателите, особено поради тоа што темпото на живеење во текот на денот и не дозволува премногу време за посветеност кон квалитетна содржина.

Апликацијата на GRID ви заштедува време, истовремено нудејќи, пред сè, квалитетна содржина и точни, проверени и навремени информации. GRID оди и чекор понапред преку тоа што ви овозможува сами да изберете од кои медиуми ќе ги добивате вашите вести, како и опција да направите категории вести по ваш вкус.

Апликацијата е лесна и едноставна за користење и ви овозможува постојано да бидете во тек со домашните и светските настани на еден ефикасен и ефективен начин со само неколку лизгање на вашиот мобилен телефон.