Подбрендот на Huawei, Honor неодамна објави дека својата премиум серија ќе ја претстави на 21. мај во Лонодн. Сега се појавија најнови протечени фотографии, кои претстојниот Honor 20 Pro смартфон го прикажуваат во живо. Фотографиите потврдуваат постоење на punch hole камера.
Linus Tech Tips ни овозможува и увид во пакувањето на теелфонот, а кутијата јасно го покажува името на уредот и постоењето на punch hole отворот од предната страна. Се очекува дека во отворот ќе биде сместена 32MP камера, додека на задната страна ќе се најде систем со четири камери покрај главниот Sony IMX600 сензор.
Се очекува дека Honor 20 Pro ќе има Kirin 980 7nm SoC, со 6GB/8GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање. Исто така, претходните информации сугерираа имплементирање на сензор за отпечатоци од прсти под екранот. Повеќе детали ќе бидат познати по официјалната објава на смартфонот на 21. мај.
Поврзани артикли