Двете страни побарале одобрение од Европската комисија за формирање заедничка компанија
Две од најголемите европски држави – Германија и Франција, се подготвени да инвестираат во заедничка компанија за производство на автомобилски батерии, соопшти агенцијата Reuters.
Планот на двете страни вклучува заеднички инвестции, а производството ќе се потпира на Opel, PSA и на германскиот производител на индустриски и транспортни батерии – Saft. Сепак, одлуката на Европската комисија за одобрување државни субвенции се уште е во тек.
Според информации на Reuters, вкупната сума која двете држави се подготвени да ја инвестираат, е 1,7 милијарди евра, а таа треба да биде дистрибуирана во одделните корпоративни сојузи. Министерствата за економија на Франција и Германија веќе испратиле писма до извршните тела на Европската унија, барајќи зелено светло за проектот.
Главната цел на оваа мерка е да се зачуваат работни места, како и да се намали зависноста од азиските снабдувачи. Што се однесува до местото каде што ќе се произведуваат батериите, тоа најверојатно ќе биде користена фабрика на Opel, која се наоѓа во близината на француската граница.
Се очекува германскиот министер за економија Питер Алтмаер да се сретне со францускиот колега Бруно Ле Мајер во четврток, за да разговараат за понатамошните чекори.