5G поврзувањето пристигнува, па иако можеби првобитно мрежата нема да биде толку брза како на хартија, секако ќе биде побрза од актуелните 4G мрежи. Samsung својот Galaxy S10 5G го лансираше пред неколку недели во Кореја, но како што стојат работите, тој нема да биде прв европски 5G телефон, исто како и смартфонот на OnePlus, кој потпиша договор со британскиот оператор EE.
Тоа најверојатно ќе биде кинескиот Oppo Reno 5G. телефон со задна телефото камера со 10X зум. Швајцарскиот оператор Swisscom во својата понуда ќе го има Oppo Reno 5G со 256GB меморија, и тоа по цена од околу 880 евра.
Oppo Reno 5G е многу атрактивен телефон со 6,6-инчен AMOLED екран на целата предна страна и селфи камера, која “отскокнува” од горната страна на телефонот.
It's official! #OPPOReno is the first 5G phone for sale in Europe! #FurtheryourVision ?
Read more: https://t.co/phTL9pGG4i pic.twitter.com/G81KKzLDIT
— OPPO (@oppo) May 1, 2019
Уредот го покренува Snapdragon 855 процесор, а опремен е со 8GB RAM. На грбот носи тројна камера со 48MP главна, 8MP ултраширока и 13MP перископ теелфото камера, со оптички зум до 10X. Батеријата е со капацитет 4065 mAh и поддржува брзо полнење од 20W VOOC.
Swisscom нуди 5G врска во 3.5 GHz фреквенциски спектар со брзини до 2Gbps, а корисниците месечно за тие брзини ќе плаќаат 9 евра, покрај стандардните 4G 100Mbps брзини.
Поврзани артикли