Американската компанија Facebook трајно укина профили на својата мрежа и на Instagram на неколку екстремни личности и организации со ултрадесничарски ставови, јави ДПА.
Меѓу луѓето што се забранети на Facebook и Instagram се конспиративниот теоретичар Алекс Џоунс, основач на сајтот „ИнфоВорс“ (Infowars), лидерот на организацијата „Нација на исламот“ Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос.
Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Facebook во август, но до сега останаа на Instagram, кој е во сопственост на Facebook.
Во пишана изјава до ДПА Facebook информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации“.
„Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија“, се додава во изјавата на Facebook.