Компанијата SpaceX соопшти дека нејзината капсула Crew Dragon е уништена во текот на тест и сега заедно со американската вселенска агенција NASA ја истражува причината за проблемот.

SpaceX во текот на конференцијата за медиуми потврди дека Crew Dragon капсулата наменета за лет на екипажот во вселената е уништена. Тоа е потврдата на извештаите кои се појавија по неуспешниот тест извршен на 20. април. Компанијата се уште не објави повеќе детали за инцидентот, освен што наведе дека уништувањето на капсулата е резултат на аномалија.

Сепак, SpaceX продолжува со плановите за лансирање на нова Crew Dragon капсула, која би требало да се спо со Меѓународната вселенска станица (ISS).

Уништената капсула претходно во март се спои со ISS, помина пет дена во вселената, а потоа се врати на Земјата и слета во Атлантскиот океан.