Неодамна дознавме за патент од страна на LG кој опишува смартфон со тројна предна камера. Сега дознаваме дека и Xiaomi подготвува сличен уред кој сепак се потпира на слајд механизам, во кој се сместени сензорите.

Иако нема информации за тоа какви сензори и објективи ќе бидат користени од компанијата, очекувањата се за присуството на ултра широкоаголна оптика во комбинација со стандарден и монохроматски сензор.

Друга можност е компанијата да се обложи на „Time of Flight“ решенија кои овозможуваат постигнување на слики со подобар боке ефект, заедно со други можности за употреба при додадена реалност.

Интересно е да се напомене дека заедно со гореспоменатиот уред во патентот е достапен и цртеж на уште еден модел со испакнување во горниот дел, вклучувајќи двојна селфи камера.