Во обид да го револуционизира фрижидерот, уред кој има мал број промени на дизајнот откако прво бил изумен во 30-тите години на минатиот век, рускиот дизајнер Јуриј Дмитрев создаде уникатен фрижидер од иднината. Неговиот Bio Robot Refrigerator користи посебнa супстанција слична на гел за да ја излади храната.
Дизајнот нa Дмитрев беше финалист на натпреварот Electrolux Design Lab, кој на учесниците им дава задача да редизајнираат некој модерен апарат од секојдневниот живот. Фрижидерот Bio Robot Refrigerator се закачува на ѕид. Дмитрев вели дека може да се постави хоризонтално, вертикално, па дури и да се закачи на таван. Фрижидерот нема мотор или друга традиционална технологија како стандардните фрижидери. Гелот е тој што ја лади храната, па 90% од фрижидерот, всушност, е простор за складирање.
За да го користите фрижидерот треба само да ја ставите храната во гелот од биополимер, кој нема мирис и не е леплив, кој ќе ја излади се додека не ви притреба. Дмитрев вели дека она што ја лади храната се биороботите кои се наоѓаат во гелот и ја користат светлината која се генерира на ниски температури за да ја чуваат храната свежа.
Иако ова звучи навистина стручно и забавно, Дмитрев не објаснува детално како функционира фрижидерот, па не е сигурно дали овој футуристички фрижидер некогаш ќе се најде во продавниците. Во секој случај, ова е голем чекор напред во редизајнирањето на уредите кои ги користиме секојдневно. Веројатно најдобриот аспект на овој апарат е дека не троши струја.