WhatsApp подготви нова надградба за бета верзија на апликацијата, која би требало да ја подобри безбедноста на корисниците, така што за активација ќе бара отпечаток од прст и ќе спречува правење скриншотови.
Новата опција за автентикација се уште не стигнала до корисниците, а кога тоа ќе се случи, за отворање на апликацијата ќе биде неопходен отпечаток од прст како дополнителна мерка на безбедност. Штом опцијата ќе биде активирана, корисничките разговори ќе бидат побезбедни, бидејќи новиот систем за автентикација ги спречува корисниците да ги копираат разговорите, и да ги испраќаат на трети страни. Покрај тоа, пристигнува и опција со која апликацијата ќе се заклучува по една минута од последната порака.
Иако WhatsApp поддржува end-to-end енкрипција, напаѓачите можат да им пристапат на пораките доколку имаат физички пристап до некој уред, и се заклучи дека дополнителните мерки за безбедност се неопходни. Заклучувањето со отпечаток од прст е најавено уште во јануари, а кога ќе се појави ќе биде безбедно во рамките на Settings > Account > Privacy.