Го красат поголеми маневарски способности и ниски акустични и терминални карактеристики, тврди директорот на Otokar.
Најголемиот турски производител на војни возила Otokar во средата го претстави првото турско електрично оклопно возило Akrep II (Шкорпион).
„Akrep II ги прави првите чекори во Турција на полето на електрични, хибридни и автономни војни возила”, им посочи на новинарите генералниот директор на Otocar, Сердар Горгуч.
Истакна дека Akrep II ќе биде изложен во Истанбул следната недела на 14. Меѓународен саем на одбранбена индустрија (IDEF’19).
„Akrep II поседува мотор способен да ги задоволи барањата на сите воени сили ширум светот”, додаде Горгуч.
Нагласи дека се работи за електрично оклопно возило кое го красат поголеми маневарски способности и ниски акустични и термални карактеристики во однос на традиционалните оклопни возила.
Поврзани артикли