Откако Intel и Nvidia ги претставија своите најнови процесори и графички картички за лаптопи, се појави бран најави на производителите на лаптопи со модели кои имплементираат нови процесори и графички картички. Меѓу нив е и Acer со својата понуда.
Acer Predator Helios 300, Nitro 7, Nitro 5 и Aspire 7, кои се претставени претходно оваа година, ќе се испорачуваат со најновите Nvidia GeForce GTX 1660 Ti или 1650 графички картички. Исто така, ќе ги покренува најновата деветта генерација на Intel Core i7-9750H процесори.
Според наводите на Nvidiа, новите графички процесори за лаптопи нудат до 50 проценти подобри перформанси во однос на претходната генерација. Од друга страна, Intel Core i7-9750H мобилните процесори пристигнуваат со работни тактови до 4.5GHz.
Поврзани артикли