Sony претстави нов додаток во својата популарна серија компактни фотоапарати, најмалиот и најлесен фотоапарат на светот, RX0 II (модел DSC-RX0M2).
Со надградба на ултра-компактниот модел RX0, кој е водоотпорен, отпорен на прашина, на удари и на кршење, новиот модел нуди внатрешно 4K снимање, од 180 до 90 степени закривен LCD екран, кој работи дури и под вода, како и нови решенија за стабилизација во текот на снимањето на видео записи.
Во средиштето на моделот RX0 II се наоѓа Exmor R CMOS сензор од типот 1.0 од 15.3 мегапиксели и напреден механизам за обработка на фотографии BIONZ X, кој нуди подобрена репродукција на боите. Оваа комбинација е оптимизирана да пружи молневити перформанси и исклучителен квалитет на снимање фотографии во движење. Широкоаголниот фиксен објектив ZEISS Tessar T 24mm со отвор на блендата F4.0 има скратена минимална дистанца на фокусирање од 20 см, што го прави совршен за селфи или tabletop фотографии.
Моделот RX0 II има димензии од само 59mm x 40,5mm x 35mm, го собира во џеб и подготвен е за се. Водоотпорен е до длабочина од 10 метри, отпорене на прашина и на удари, кога ќе падне од висина од два метра и отпорене на кршење под тежина до 200 кг.
Поврзани артикли