Апликациите на мобилните уреди, како што се Facebook, Instagram, Reddit и други, пристигнуваат со своите вградени браузери. Идејата зад ова е дека корисниците ќе продолжат да ја користат апликацијата, дури и кога ќе кликнат на линкот. Меѓутоа, проблемот со вградените прегледници е што можат да се користат за пробивање на сигурноста и хакерските напади.
Google е свесен за ова и компанијата најави дека од јуни ќе го блокира логирањето од одредени браузери. Според наводите на компанијата: “MITM ја пресретнува комуникацијата помеѓу корисниците и Google во реално време, за да собере податоци за корисникот и да се логира. Бидејќи не е можно да се утврди разликата помеѓу легитимните гогирања и MITM нападите на овие платформи, Google ќе го блокира логирањето од одредени браузери од јуни”.