Comtrade System Integration Adriatic денеска објави дека потпиша партнерски договор со Microsoft за да стане Microsoft Licensing Solution Provider (LSP) во Северна Македонија и Косово. Компанијата се квалификуваше за овој статус врз основа на своите резултати во иновации, инженерски ресурси и деловна извонредност во испораката на Microsoft облак решенија во Јадранскиот регион. Comtrade System Integration Adriatic сега има статус на LSP во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, СевернаМакедонија и Косово.
Comtrade System Integration Adriatic сега може да им понуди комплетно портфолио на Microsoft облак услуги на своите клиенти во Северна Македонија и Косово. Покрај понудите за Microsoft, Comtrade System Integration Adriatic има воспоставено Adriatic Microsoft Competence Center кој ќе ги промовира најдобрите практики и ќе им обезбеди на клиентите знаења за тоа како најдобро да ги искористат решенијата на Microsoft во доменот на машинско учење, AI, предвидлива аналитика и дигитални работни места.
Иднината на бизнисот лежи во усвојувањето и искористувањето на дигиталните технологии. Тимовите на Comtrade SI, создадени од Microsoft сертифицирани професионалци, работат со партнери и клиенти низ целиот свет за да ги донесат најновите иновации во облакот, анализата на големи бази на податоци, безбедноста, хибридните Cloud средини, алатките за деловна соработка и други Microsoft технологии.
Овој статус е клучен чекор во мисијата на компанијата да ги поттикне бизнисите во регионот да соработуваат подобро, да нудат подобри услуги за клиентите и да освојат нови можности со примена на Microsoft Cloud технологијата за дигитална трансформација.
Comtrade System Integration Adriatic формираше посветен тим на професионалци кои ќе се фокусираат на донесување на нови бизнис искуства за клиентите во Босна и Херцеговина, во индустриите како што се банкарство, осигурување, телекомуникации, здравство, енергетика и комунални услуги и јавен сектор. Тим на Microsoft експерти од целиот Јадрански регион е подготвен да ја поддржи новата операција.
Поврзани артикли