Според најновите податоци на компанијата Counterpoint Research, Apple продал најмногу премиум телефони (со цена од 400 долари и повеќе) во текот на 2018. година. На топ пет листата имаме нова компанија, а тоа е OnePlus, кој прв пат е на оваа позиција. Вкупно гледано, премиум сегментот оствари раст од 14 проценти на годишно ниво и покрај тоа што глобалниот смартфон пазар забележа пад од три проценти.
Кинеските производители Huawei, Oppo и OnePlus го засилија своето присуство на пазарот, додека Apple и Samsungh загубија дел од пазарниот удел.
Apple и натаму доминира со пазарно учество од 51 проценти, го следи Samsung со 22 проценти и Huawei со 10 одсто. Благодарение на силната продажба на P20 и Mate 20 сериите, кинеската компанија оствари раст од 97 проценти на годишно ниво. OnePlus оствари најмногу во сегментот од 400 до 600 долари, а ова најмногу благодарение на рекордната продажба во Индија.
Ултра премиум пазарот (800 долари и повеќе) бил најбрзо растечки сегмент, а тука најзебележлива е доминацијата на Apple, која претставува речиси 80 проценти од продадените смартфони. Извештајот, исто така, истакнува дека купувачите се подготвени да платат повеќе за уредите, се додека можат да ги користат во текот на подолг период.
.