Нема сомнеж дека Samsung наскоро ќе го претстави новиот Galaxy Note 10, но тоа најверојатно нема да биде се.
Како што пренесува TechRadar, се споменува уште еден модел – Galaxy Note 10 Pro. Оваа информација ја откри добро информираниот @Universelce, иако се разбира, оваа вест треба да се земе со доза на резерва.
Информацијата беше објавена на Twitter, без дополнителни детали, па за изгледот и останатите спецификации на евентуалниот модел Pro на Galaxy Note 10 може само да се нагаѓа.
Претходно се појавија гласини дека Samsung планира да претстави две големини на екранот – една од 6,75 инчи и другата нешто помала од 6,66 инчи. Доколку ова е вистина, Pro моделот веројатно ќе биде со поголем екран, иако Pro може да значи дека телефонот ќе биде опремен со 5G технологијата или некои други напредни функции.
Исто така, можно е да бидат претставени и повеќе од два модели, со оглед на тоа што Samsung претстави четири верзии на најновиот Galaxy S10 – Galaxy S10e, Galaxy S10 Plus и Galaxy S10 5G му се придружија на стандардниот модел.
Galaxy Note 10 најверојатно нема да биде претставен пред август, а дотогаш можеме да очекуваме нови гласини околу новиот, најмоќен телефон на јужнокорејската компанија.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли