Најновите P30 модели се дизајнирани со дизајнерска идеја инспирирана од убавината на природните феномени и различните фази на денот. Breathing Crystal ја одразува бојата на бескрајните кристални езера, додека боите Black и Aurora се инспирирани од непробојна ноќ и убавината на Северната светлина.
Иновативен Breathing Crystal градиент
Визуелно, серијата P30 е продолжение на минатогодишната P20 серија која привлекува инспирација од интеракцијата помеѓу луѓето и природата. Замислете ја радоста на одење на кристално езеро напладне и убавината на чистото, сиво-сино небо што се рефлектира во водата. Оваа хармонија тешко може да се опише со зборови, но може да се изрази во боја, сјај, нијанси на светлина. На овој начин дизајнерите на P серијата се инспирираа од околниот свет и создадоа навистина импресивен дизајн.
Но, претворајњето на шемата на бои на Breathing Crystal во реалност во P30 серијата не е брз и лесен процес. Идејата е родена во 2015 година, но дизајнерите кои работат на серијата P тогаш одлучија дека сè уште немаат технологија за да го направат тоа, што овојпат навистина им успеаа. Денес, благодарение на развојот на технологијата за микропроектирање и стотици експерименти врз основа на неа, Breathing Crystal може да се реализира.
Слоевите направени со користење на оваа технологија, како инк-џет печатач со големина на капка од 1 микрон, се поставуваат помеѓу стаклото и вакуумниот слој. Тие се екстремно суптилни и транспарентни, а невиден начин на кој тие играат со светлина не е компромитиран дури и од армираното стакло на задната страна. Така, P30 серијата на шарени бои ја обликуваат сопствената технолошко-дизајнерска класа, која има неверојатни достигнувања како што е вградувањето на девет слоеви на микропечати.
Новиот процес е доказ дека Huawei не штеди напори за создавање на совршена хармонија меѓу модерната технологија и естетиката. Производството на овие панели врз основа на струен микротект бара посебна високотехнолошка производна линија. Во него, од особено значење е строгата контрола врз животната средина; отстранувањето на прав, бидејќи присуството на честички може да влијае на градиентите на боите развиени за Breathing Crystal. Интересно, дури и со инвестиции од десетици милиони долари, процесот бара таква висока точност дека првично успешните панели биле само 10% од произведените. Развојот и подесувањето на технологијата и самиот производствен процес траеше еден месец пред глобалната премиера на P30 серијата.
Aurora, инспириран од Северната светлина
Серијата P30 исто така содржи и ажурирана верзија на омилениот градиент на Twilight од P20. Новата боја Aurora, инспирирана од Северната светлина (Northern Lights), ги балансира темните тонови и ги преуредува боите кои се карактеристични за овој природен феномен, давајќи им уште повеќе живот со новата технологија за печатење која и овозможува на светлината да се прекрши и да ги промени во фантастични, но рефлексивнo реални.
Во 2018 година, популарноста на мобилните телефони со бои како Twilight докажа дека P20 најде нов тренд во мобилниот дизајн. Иако други слични производи се појавија на пазарот, P20 останува стандард за квалитет и иновации без конкуренција.
Естетичка филозофија за P серијата
Уште од воведувањето на P9, P серијата на Huawei е дизајнирана да ја интегрира природата во дизајнерските избори. Дизајнерите веруваат дека природата навистина нè насочува во вистинската насока и нè инспирира. Без разлика каде сме, убавината на околниот свет е она што ги допира нашите души.
Слично на амбициите на Huawei во науката и технологијата за мобилна фотографија, дизајнерите од P серијата достигнаа нови естетски димензии, барајќи хармонија помеѓу убавината на физичкиот свет и мислите и емоциите уникатни за секој од нас.
Архитектот Френк Лојд Рајт изјави: “Уметноста е откривање и развивање на елементарните принципи на природата во убави форми погодни за човечка употреба”. Естетичниот приказ на P серијата е дизајниран да донесе убавина во животот и да инспирира.
Huawei P30 и Huawei P30 Pro се достапни на пазарот во Северна Македонија. Секој кој ги купил до 26 април 2019 година, ќе може да се регистрира во Huawei HiCare за Premium Service, кој вклучува 90-дневно осигурување за еднократна и потполна бесплатна замена на оштетениот заден панел или дисплеј како резултат на пукање или случајно притискање на телефонот. Цената на Huawei P30 во нашата земја е 44.999 денари, додека P30 Pro со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чини 57.999 денари.
Поврзани артикли