Huawei во Кина почна со претпродажба на P30 и P30 Pro телефоните, а првиот конктингент на уреди се распродаде за 10 секунди.
Компанијата истакна дека оваа кампања остварила заработка од 200 милиони кинески јуани, што значи дека се продаде помеѓу 30.000 и 50.000 модели, во зависност од конфигурацијата на меморијата.
Уште една кинеска онлајн малопродажба објави интересни детали за прелиминарната продажба. Кинескиот Tmall од објави дека од моментот на претставување на Huawei P30 моделите, преку 3,2 милиони луѓе вршеле пребарување за уредот, а 60 проценти од нив биле жени.