OnePlus годинава може да претстави три смартфони

Според информациите на дојавувачот Ishan Agarwal, ќе постојат три варијанти на 2019 OnePlus телефонот, кои ќе ги носат имињата OnePlus 7, OnePlus 7 Pro и OnePlus 7 Pro 5G. Стандардниот модел ќе ја има ознаката GM1901/03/05, Pro варијантата ќе има број на моделот GM1911/13/15/17, додека 5G verzija ќе го има бројот GM1920.

Фотографијата на OnePlus 7 Pro моделот, која се појави неодамна, ја носи ознаката GM1915 и открива некои од спецификациите. Тоа се Snapdragon 855 чипсет, 8GB RAM, 6.67-инчен дисплеј и систем со три камери (48MP + 16MP + 8MP). Видлив е и дисплеј без засек со закривени рабови.

Рендерите на куќиштето од наводниот OnePlus 5G, исто така откриваат повеќе за дизајнот на уредот. Телефонот изгледа доста слично на минатогодишниот 6T модел, со тоа што LED блицот е поинаку позициониран. Повеќе информации за OnePlus 7 линијата се очекува во следниот период.