Црната дупка која во историјата влезе како прв фотографиран вид на ова огромно небеско тело го доби името Powehi.
Powehi е хавајска фраза, која може да се преведе како „украсен црн извор на бескрајна креација”. Името и го подари професорот по хавајски јазик Лари Кимура, а хавајскиот е избран бидејќи два од осум телескопи се користени во фотографирање на црната дупка сместена во овој пацифички рај.
Powehi се споменува во хавајската народна песна посветена на креацијата на светот под името „Кумулипо”.
Да потсетиме, Powehi е фотографиран со помош на повеќе телексопи поврзани во еден виртуелен телескоп со големина на Земјата. Во 2017. година е насочен во црната дупка во галаксијата M87, а во последните две години собраните податоци се собрани и организирани за да се добие што подобра фотографија.
Покрај Powehi, виртуелниот телескоп ја изучува и црната дупка Sagittarius A* во средината на Млечниот пат.
Поврзани артикли