Намалувањето на ледената покривка на Земјата е еден од најголеми показатели за климатските промени. Сепак, група научници од Нов Зеланд одлучија да одат под површината на мразот и одблиску да ги набљудуваат екстремните промени во природата.
Обидувајќи се да дознаат што се случува под ледената покривка на Антарктикот, научниците ископаа дупка длабока 300 метри и спуштија камера во неа.
Научниците соопштија дека податоците покажале дека океанот денес е потопол во однос на 1970 година, кога се вршени последните мерења.
Поврзани артикли