Вчера научниците објавија историско откритие, првата фотографија на црна дупка направена со виртуелниот телескоп Event Horizon Telescope (EHT). Станува збор за црна дупка која се наоѓа во галаксијата M87. Потоа НАСА објави фотографија направена во комбинација од податоците на EHT и своите податоци.
Додека фотографијата на EHT е фокусирана на самата црна дупка и нејзиното најблиско опкружување, податоците на НАСА, односно нејзината фотографија е поинаква.
Направена е од Chandra X-ray опсерваторијата која има значително пошироко видно поле, а фотографијата го прикажува опкружувањето на црната дупка. Поточно, на фотографијата е прикажана нејзината околина во круг од околу 1.000 светлосни години. Се гледа хоризонтот на настанот и вжештената материја која кружи околу црната дупка. Галаксијата М87 е оддалечена од Земјата 55 милиони светлосни години.
Постоењето на црни дупки прв го предвиди Карл Шварцчајлд користејќи ги пресметките на Алберт Ајнштајн, со помош на теоријата за релативитет.