Американскиот оператор Verizon го пушти во продажба најмалиот смартфон на пазарот. Станува збор за моделот Palm Phone, кој беше најавен уште минатата година, за конечно сега да е достапен на пазарот како самостоен комерцијален производ.
Овој месецPalm Phone ќе се продава по намалена цена од 199 долари, а до почетокот на мај цената ќе се зголеми на 350 долари. Легендарниот бренд има 3,3-инчен екран и тврди дека е најкомпактниот смартфон досега.
Поврзани артикли