Во Перу е најден фосил од кит со четири нозе стар дури 43 милиони години, јавија светските медиумски агенции.

Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.

Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и силна опашка, водоземниот кит се споредува со видра или дабар.

Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја разјасни еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.

Се смета дека првите китови првпат еволуирале во јужна Азија пред околу 50 милиони години.

Со оглед на тоа што нивните тела повеќе одговарале за живот во вода, тие мигрирале кон северна Африка и Северна Америка каде исто така се пронајдени фосили.