Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век физичарите открија неверојатна врска помеѓу два, наизглед, неповрзани концепти во теориската физика. Таа врска е речиси необјасниво техничка, но може да има голем ефект врз нашето разбирање на гравитацијата и универзумот.

Истражувачите откриле дека кога еден бит информации ќе влезат во црна дупка, нејзината површина се зголемува за прецизна количина: квадрат од Планкова должина (1,616252х10-35 метри).

На прв поглед не делува интересно тоа што црната дупка се зголемува кога во неа ќе влезе материја или енергија, но тоа што изненадува е што наместо волуменот, расте нејзината површина во директна пропорција со влезот на информации. Тоа е во тотална спротивност со сите други познати објекти во вселената, пишува „Спејс“.

Поголемиот број објекти кои „консумираат“ еден бит информација ќе го зголемат својот волуменот за една единица, а површината само за дел. Но со црните дупки ситуацијата е спротивна.

Како информациите да не влегуваат во црната дупка, туку заглавуваат на нејзината површина. Така црните дупки, може да бидат претставени само со својата дводимензионална површина.

На тој начин функционираат холограмите.

Холограм е приказ на систем со помош на помали димензии во кои и понатаму може да се пакуваат информации од оригиналниот систем.

На пример, ние живееме во три димензии. Кога се фотографирате, камерата слика дводимензионален приказ од вас, но не ги собира сите информации. Кога подоцна ја прегледувате фотографијата вие не можете да видите работи кои не сте ги сликале.

Снимањето на холограм би сочувало и такви информации, иако е во прашање дводимензионален приказ, ние би можеле да гледаме од сите три димензии.

Опишувањето на црна дупка како холограм може да го реши т.н. информационен парадокс, односно да одговори на прашањето каде одат информациите кога црната дупка консумира материја.

Дали живееме во холограм? Доколку холографските принципи се корисни за решавање на проблеми, тоа не значи дека живееме во холограм.

На крајот на краиштата ние не би ја увиделе разликата во тоа дали живееме во тридимензионален универзум или во дводимензионален ограничен космос без гравитација.