NASA во соработка со MIT работи на изработка на целосно нов тип на крила за авиони, а првите прототипови се веќе успешно тестирани.
Прототипот на леталото со новите крила однадвор делува како авионите кои се нарекуваат летачки крила, како X-48 на NASA или бомбардерот B-2 Spirit, но од внатре се сосема поинакви. Крилата се со радикален дизајн, изработени од мали шупливи компоненти кои се спојуваат како Lego коцки.
Тие компоненти се изработени од пластика во облик на октаедар, односно геометриските тела изгледаат како две пирамиди потпрени една на друга. Научниците можат да ги програмираат крилата со аранжирање на цврсти или меки материјали на специфичен начин за да можат да управуваат со аеродинамиката на авионот.
Еден од првите прототипови на интерни моторни има подвижувачи во крилата кои му овозможуваат морфирање на нивните облици. Научниците велат дека овој дизајн е наменет за авиони кои ќе летаат долго на големи висини и ќе вршат задачи како комуникација и надзор.
Извор: Vidi.hr
Поврзани артикли