Детални информации за повеќе од 540 милиони корисници на Facebook со месеци биле јавно видливи, покажала истрагата на компанијата задолжена за безбедност на интернет.
Компанијата UpGuard за време на рутинската контрола открила големо складиште на податоци на необезбеден сервер на Амазон кој го користиела една мексиканска фирма за друштвени мрежи.
Најголемиот дел од информациите кои содржеле имиња, коментари, реакции и идентификациони броеви, биле за посетителите на страницата „Култура колектива“ (Cultura Colectiva).
Facebook user data is still showing up in places it shouldn’t. Researchers at a cybersecurity firm found troves of user information hiding in plain sight https://t.co/1kEKtboNUF
— Bloomberg (@business) April 3, 2019
Таа страница соопштила дека податоците се собрани од интеракција со корисниците.
Приватните податоци како што се меил адреси и лосинки не биле на споменатиот сервер, бидејќи Cultura Colectiva нема пристап до таквите информации за корисниците.
Facebook соопшти дека неговите правила не дозволуваат податоците од друштвената мрежа да се чуваат во јавно достапните бази.