Во рамките на проектот „Зелена енергија”, во британскиот град Оксфорд беа претставени батерии големи колку бродски контејнери, што би требало да придонесат за подобрување на квалитетот воздухот во овој град.
Проектот ќе вклучува и станици за полнење на електрични возила, како и топлотни пумпи низ целиот град, кои ќе можат да обезбедат греење по пониска цена во домовите.
Целта на програмата се пониски цени, односно помали финансиски трошоци. Батериите ќе напојуваат 4.500 места за брзо полнење електромобили, електробуси, такси и товарни возила.
Во градот се во тек и 90 други проекти од областа на соларна и хидроенергија, кои ќе го помагаат напојувањето на самите батерии.
Предвидена е и локална енергетска мрежа со цел рамноправно тргување, што значи одвојување на вишокот енергија и децентрализирање на потрошувачката на енергија.
Поврзани артикли