Откриена е нова огромната планета, која во теоријата не би требало да постои, соопшти денес агенцијата АФП.

Постоењето на оваа планета која се смета дека е голема колку Јупитер, ја доведува во прашање старата теорија, според која големите планети не може да се формираат околу мали ѕвезди. Теоријата предвидува дека околу ѕвездите се формираат мали цврсти планети, кои не може да акумулираат доволно материјал, за да пораснат колку Јупитер.

Новата планета е откриена во истражувачкиот центар NGTS, па така малата ѕвезда го добила името NGTS – 1, а планетата NGTS – 1b. Овој центар користи 12 телескопи, а се смета дека новооткриените ѕвезда и планета се оддалечени 600 светлосни години од Земјата.