Google потврди дека Pixel 4 линијата смартфони е во подготовка, шест месеци пред објавата на новите модели. Pixel 4 серијата беше откриена во рамките на Android Open Source Project, каде што еден од кодовите неколку пати го споменува по име Pixel 4.

Коментарот што го остави еден од вработените во Google сугерира дека компанијата дискутира за тестирање на функциите на Pixel 3 моделите, пред преминување на Pixel 4. Првобитниот план беше се да се имплементира во Pixel 3, за да се уверат дека се функционира без проблеми, а потоа би се преминало на Pixel 4.

За жал, со исклучок на потврдата за постоење на уредот и неговото најверојатно име, ништо друго не е познато за самиот телефон.

Традиционално, Google ги најавува новите Pixel телефони во октомври и не се очекува дека ова ќе биде променето во текот на 2019. година со Pixel 4 линијата. Повторно се очекуваат два уреда, од кој поголемиот би требало да ja носи XL ознаката во името. Неодамнешните гласини сугерираа дека ќе видиме дисплеи без рамки со punch-hole камера.

Останува да се види дали Google конечно, за прв пат ќе додаде систем со две камери на задната страна. Исто така, се очекува нов Qualcomm Snapdragon 855 чипсет и нов Android Q софтвер.