Амбициозниот дизајнер Курт Странд претстави уште еден дизајн на суперјахта.

Се работи за концепт на јахта долга 161 метар, под името Norway, која личи на долги бродови и едра од времето на Викинзите. Странд одлули да ги „копира“ моќните едра и да креира нивна модерна верзија, а конечниот резултат е суперјахтата Norway со модерна технологија, која ќе и овозможи да плови во сите делови на светот и тоа без емисија на штетни гасови.

„Едрата всушност ја фаќаат енергијата кога ќе се движат, а потоа енергијата се складира во батериите“. Оваа енергија може да се претворди во водород. Дури и без ветар или сонце, Norway ќе плови благодарение на три мотори, кои можат да користат водород, природен гас во тековна состојба, па дури и дизел.

Во иделни временски услови, суперјахтата ќе произведува повеќе чиста енергија отколку што ќе потроши, така што ќе може да ја чува енергијата за периодите на лошо време.

Суперјахтата ќе може да прими до 24 лица, а ќе поседува 12 кабини. Исто така, на неа ќе има место и за 40 членови на екипажот. Norway ќе има и beach клуб. Теретана, спа, базен, гаража за суперавтомобили и кино.

Ако е тоа малку, тогаш сигурно ќе ве импресионира и минијатурната болнида на оваа јахта. Во централниот дел на јахтата ќе се наоѓа двокатен лоби и бар од кој гостите ќе уживаат во погледот.