Официјално е лансирана апликацијата Мои Доктори на Твитер.
Системот за електронско закажување Мој Термин е чекор во одличен правец, но не ја исполнува побарувачката за термини. Според одредени анализи, 30% од специјалистите во Мој Термин немаат никаков слободен термин во моментот.
Мои Доктори (https://moidoktori.mk) е веб апликација во која се внесува името на специјалистот и апликацијата сама проверува и ги известува корисниците кога нови слободни термини ќе се отворат на Мој Термин. Со тоа се ослободуваат граѓаните од постојано проверување и предвидување кога ќе се отворат термини. Можеби и побитно, целиот процес станува транспарентен бидејќи секој добива ист пристап до информации, и се елиминира моментот каде луѓе блиски до докторите или администрацијата добиваат бенефициран пристап до термини.
За техничката реализација на идејата е заслужен Томас Воксеп (@tomaswoksepp) од Шведска а со овеќе недели работа и доста проблеми со мејлови, апликацијата денес е комплетно функционална и спремна за корисници.