Компанијата од Купертино бележи прилично лоша недела, откако го откажа развојот на безжичниот полнач AirPower, поради несоодветниот дизајн, а сега пристигнува уште еднс вест, која секако негативно ќе влијае на работењето на компанијата.
Според пишувањето на порталот CNET, Apple изненадно го напушти клучниот дизајнер, Џерард Вилијамс. Причината за напуштање на компанијата засега не епозната, но се работи за водечкиот дизајнер на Apple, кој е заслужен за настанување на сите Apple A чипови, од моделот A7 (првиот 64-битен чип на APple), па се до A12 Bionic. Покрај водењето на процесот на дизајнирање на процесори, Вилијамс исто така беше задолжен за распоредот на чипсетите на Apple во последните години. Со други зборови, Вилијамс одлучуваше за распоредот на компонентите на SOC, како што се CPU, GPU и меморија.
Нејасно е зошто Вилијамс го напушти Apple, а се уште не ја ажурираше својата LinkedIn страница. Веројатно имаше влијание на развојот на следните неколку уреди, кои ќе ги објави Apple, можеби дури и на првите Mac компјутери, кои ќе ги покренуваат мобилните процесори на Apple.