Подоцна оваа година, Кина ќе почне со изградба на лебдечки нуклеарни централи кои би можеле да се користат за снабдување на далечните, вештачки острови во Јужното кинеско море.
Лебдечките нуклеарни реактори звучат опасно, но Кинеската национална корпорација планира да ги развие како поевтина алтернатува за пренос на сила од континентална Кина, пренесува Asia Times. Официјалните лица потврдија дека прототип на реакторот веќе се тестира во близина на брегот на Кинеската покраина, Shandong.
Почетокот на изградбата е закажан за оваа година, пренесува Asia Times, а првиот функционален лебдечки нуклеарен реактор во Кина би требало да биде подготвен за пловидба до 2021. гпдина. Кина не е единствената земја која е заинтересирана за слична технологија. Се очекува дека руските лебдечки нуклеарки ќе тргнат кон Арктичкиот круг подоцна оваа година.
Ако Кина сака да ги искористи лебдечките реактори за напојување на целокупните вештачки острови во Јужното кинеско море, ќе мора да направи вкупно 20, сметаат во Asia Times. Но, дури и ако овие нуклеарни електрани го направат она што би требало, Кина би требало да произведе уште повеќе за да ги снабдува своите погони за експлоатација на фосилни горива.
Поврзани артикли